Меморандум за соработка во научната и стручна дејност од областа на фармацијата помеѓу Бионика Фармацеутикалс и Фармацевтскиот факултет во Скопје

Меморандум за соработка

Центарот за кариера на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје и Бионика Фармацеутикалс, потпишаа Меморандум за соработка во научната и стручна дејност од областа на фармацијата.

Во рамки на имплементација на Меморандумот, ќе се реализира:

  • создавање средина во која академската и деловната заедница ќе имаат заемна комуникација со цел создавање студиски програми конкурентни на пазарот на труд;
  • организирање и спроведување нa апликативни и научни проекти;
  • едукативни и консултативни активности;
  • организација на обуки;
  • стручна, научна и техничка поддршка во изготвување на експертски анализи.

    Особено внимание ќе се посвети на соработката во делот на реализација на практиканството на студенти на Факултетот за времетраење на студиите.