Искуства на лекарите со употреба на диабил

Искуства на лекарите со употреба на диабил

Др. Марија Бајдевска Спирковска, специјалист по интерна медицина, во центар за дијабет при Општа болница Куманово го пренесува своето искуство со препаратот Диабил.

”Диабил е одличен препарат, кој во својот состав има две активни состојки, хром пиколинат и екстракт од горчлива диња и успешно придонесува  за регулирање на шеќерот во крвта, особено кај пациентите со предијабет. Овие пациенти немаат  симптоми, меѓутоа имаат зголемен ризик од развој на дијабет и кардиоваскуларни заболувања. Кај нив  Диабил е одличен "сопатник" во регулирање на крвниот шеќер и како дополнување на балансирана диета, физичка активност и редовни контроли кај лекар, го превенираат или одложуваат развојот на тип 2 дијабет.

Јас го користам Диабил најчесто кај пациенти со предијабет и со оглед на редовните лабараториски контроли кои им ги правам,  во најчест случај констатирам одржување или намалување на вредноста на гликемија на гладно и гликозилиран хемоглобин.

Неколку примери на пациенти од употребата на Диабил во мојата пракса....

Пациентка на 67 год возраст со дијагноза нарушена гликозна толеранција , HGA1C 5.9%, гликемија на гладно 5.5 ммол/л. После 6 месеци на терапија со Диабил, контролни анализи Hga1c 5.0%, гликемија на гладно 4.9mmol/l;

Пациент на 44 год.возраст со дијагноза Предијабет(IGT+IFG), HGA1C 6, 0%,гликемија на гладно 6,5mmol/l , по 3 месеци Диабил, контролни анализи ...HA1C 5.8%, гликемија на гладно 6.1 mmol/l.

Пациентка на 73год.возраст со нарушена гликемија на гладно ,HGA1C 5.7% гликемија на гладно 6.9mmol/l по 6 месеци Диабил.... HGA1C 5.5%, гликемија на гладно 5.7  mmol/l.

Ниту еден пациент не пријави несакани дејства на препаратот и со задоволство продолжија да го земаат, во комбинација со балансирана диета и физичка активност.

Многу сум задоволна од постигнатите резултати и моето искуство од употребата на Диабил и продолжувам  понатаму да го препорачувам во мојата секојдневна пракса. ”


Др. Марија Бајдевска Спирковска

Специјалист по интерна медицина, Центар за дијабет – Општа болница Куманово

Прочитај повеќе за Диабил