
АНТРОЛИН® 0,3% + 1,5%
Ректална крема
Антролин® е ректален крем кој содржи нифедипин, кој нанесен локално има релаксирачкo дејство врз мазните периферни мускули како што се аналните сфинктери. Дејството на нифедипинот е потенцирано од лидокаинот кој делува како локален анестетик и ја отстранува болката.
аКТИВНИ СУПСТАНЦИ
nifedipine, lidocaine
ГРУПА
други антихемороидални лекови со локално дејство
ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА
ректална крема
ИНДИКАЦИИ
третман на хемороиди, анални фисури (анални рaгади) и други проктолошки заболувања главно поврзани со хипертонија на аналните сфинктери
ПАКУВАЊЕ
Al туба х 30 g + LDPE апликатор (канула)
НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ НА ЛЕКОТ
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р)