
КАЛМФЛЕКС®
10%/5,4%/1,3% КРЕМ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БОЛКИ
Активни супстанции
1 g крем содржи 100 mg метил салицилат, 54 mg левоментол и 13 mg еугенол
(етерично масло од каранфилче)
Фармацевтска форма
Крем за надворешна употреба
Дејство
Активните супстанции во Калмфлекс 10%/5,4%/1,3% кремот ја подобруваат циркулацијата во кожата, доведуваат до загревање на третираната површина и ја намалуваат болката на местото на примена.
Терапевтски индикации
За намалување на болки предизвикани од воспаление на зглобовите и мускулите или истегнување на мускулите, невралгија, реума, артритис, како и луксација на зглобовите.
Исто така се употребува за намалување на болки при полесни спортски повреди, кога не постојат повреди на кожата.
Дозирање и начин на употреба
Калмфлекс 10%/5,4%/1,3% кремот се нанесува во тенок слој со благо втривање на заболените места. Постапката може да се повтори по неколку часа (вообичаено 3 до 4 пати на ден).
Контраиндикации
- Контраиндицирана е употреба кај пациенти алергични на метил салицилат и други салицилати, ментол и еугенол (етерично масло од каранфилче), цетил алкохол или било кој друг ексципиенс.
- Ако на кожата има отворена рана, ако е оштетена или надразнета.
- Да не се користи кај лица помлади од 12 години.
- Ако сте на терапија со орални антикоагуланси (варфарин, аценокумарол, дикумарол) зошто постои ризик од крварење.
- Ако сте на терапија со антикоагуланси, антитромбоцити, нискомолекуларен хепарин и тромболитички агенси, може да се зголемат шансите за појава на модринки и крварење.
Пакување
Al туба х 100 g
Регулаторен статус
ОТЦ